Голема драма беше забележана на „Артемио Франси“ во Фиренца во неделата за време на дербито во Серија А меѓу Фиорентина и Интер, каде во 17. минута Едоардо Бове колабираше и падна на теренот.
Бове итно бил префрлен во болница, а брзо стигнала информација дека е во стабилна состојба, што беше вест која ги израдува сите фанови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега за овој случај и спасувањето на животот на младиот фудбалер за италијанските медиуми зборувал Џовани Џини, претседател на Военото братство од Фиренца, чија брза помош го пренела фудбалерот во болница.
Тој откри дека ситуацијата била крајно драматична и дека Бове бил реанимиран на пат кон болница.
Поминаа четири минути од моментот кога Бове падна на теренот за да биде внесен во брзата помош. Транспортот до болницата Кареги траеше уште четири минути. Тој отиде во шок собата 13 минути после сè. Брзата помош не влезе на терен, бидејќи постоела опасност поради теренот да не може да излезе и да заглави. Екипите кои се на терен имаат иста опрема како во амбулантата и имаат се во ранците.
Џини објасни дека транспортот до болницата бил особено деликатен бидејќи играчот не бил свесен кога бил префрлен во брзата помош, а на пат кон болница бил реанимиран.
Не беше свесен. Попатно извршија реанимација со дефибрилатори. Проблемот беше огромен.
На крајот додаде дека не е препорачлива реакцијата на играчите кои му го извадиле јазикот од уста на Бове.
Очигледно го цениме гестот, но импровизацијата не е пресудна. Маневарот што се изведува со вметнување на прстите во устата на Бове не се препорачува од две причини: пациентот може нагло да ја затвори устата, постои ризик од многу сериозна повреда на прстот, а крварењето може да биде тешко за пациент од таква природа. Го цениме тој гест, но сакам да ја подвлечам важноста од посетување на курсеви за прва помош, тие часови можат да спасат животи – заклучи Џивани Џини.