Дома Фудбал Дојде во Вардар како големо засилување, сега неславно си замина!

Дојде во Вардар како големо засилување, сега неславно си замина!

Најуспешниот македонски фудбалски клуб Вардар преку официјално соопштение потврди дека во текот на зимскиот преоден рок се раздели со Ворен Чимбембе.

Фудбалерот од Конго пристигна во Скопје минатото лето со големи очекувања, особено ако се земе предвид неговото претходно искуство и настапите во францускиот фудбал, но на крајот не успеа да го остави посакуваниот впечаток. Во Вардар дојде од редовите на Мец, а зад себе имаше и ангажмани во Гингам, Мирандес и Троа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Чимбембе, сепак, во македонската престолнина пристигна во слаба натпреварувачка форма и долго време му беше потребно да влезе во ритам. Иако доби неколку можности да се докаже, не успеа значително да придонесе во играта на „црвено-црните“.

Во актуелната сезона за Вардар настапи на седум натпревари, сите како резерва, и постигна само еден погодок. Така, неговата епизода во дресот на најтрофејниот македонски клуб заврши без поголем белег и очекуван ефект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Родриго: Сезоната за него заврши, нема да игра и на Мундијалот!

Најцрните прогнози за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Ѕвездата на Р…