
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД победи 3:0 кај Атлетик Билбао во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Стрелци беа Каземиро во 30-та минута, Бруно Фернандес од пенал во 37-та минута и истиот играч од игра во 45-та минута.
Меѓутоа, херој не само на Јунајтед туку и на европската фудбалска ноќ е еден од играчите кој беше најмногу критикуван, но и исмеван во врвниот фудбал последниве години.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Хари Магваер летото 2019 година дојде во Манчестер Јунајтед од Лестер за 87 милиони евра. Така стана најскапиот дефанзивец во историјата.
Исмевањето на Олд Трафорд се претвори во херојство
Навивачите и новинарите го исмеваа, од трибините и социјалните мрежи доживуваше понижување, но и закани со смрт. Ја загуби капитенската лента на Јунајтед, клубот се обидуваше да го продаде. И потоа исмевањето на Олд Трафорд се претвори во негово херојство – најскапиот и најоспорен дефанзивец стана одличен офанзивец.
Harry Maguire’s half by numbers vs. Bilbao:
— Statman Dave (@StatmanDave) May 1, 2025
94% pass accuracy
35 passes attempted
33 passes completed
2 chances created
2 clearances
2 shimmies
1 unbelievable ball into the box
The Steel City Ronaldo. 🇧🇷 pic.twitter.com/WkcqbzaDHM
Магваер пред две недели во еден од најлудите натпревари на му донесе на Јунајтед пролаз против Лион во четвртфиналето на Лигата на шампионите, прво направи асистенција, а потоа постигна гол во судиската надокнада на продолженијата за победа 5:4. Откако Јунајтед во продолженијата губеше 2:4.