
Според информациите на познатиот инсајдер Фабрицио Романо, Наполи планира да ја активира откупната клаузула за напаѓачот Расмус Хојлунд, кој моментално е на заем од Манчестер Јунајтед.
Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, потврди дека во клубот нема дилема за иднината на данскиот напаѓач.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Нема никакви сомнежи. Расмус ќе остане тука. Имаме обврска за откуп од Манчестер Јунајтед во случај на пласман во Лигата на шампионите, но тој е во нашите планови без разлика на тој услов“, изјави Мана.
Хојлунд минатото лето дојде во Наполи на едногодишен заем вреден околу шест милиони евра, додека клаузулата за откуп изнесува дополнителни 44 милиони евра, што ја подига вкупната вредност на договорот на околу 50 милиони евра.
Данскиот напаѓач се врати во добра форма во Италија и стана важен дел од екипата од Неапол. Во досегашниот дел од сезоната постигна неколку голови и забележа асистенции, со што ги убеди раководителите на клубот дека сакаат да го задржат на подолг рок.
Според достапните информации, ако трансферот стане траен, Хојлунд би можел да потпише долгорочен договор со Наполи до 2031 година, а во неговиот договор би била поставена и излезна клаузула од околу 85 милиони евра.