Дома Останати Кошарка Димитријевиќ: Сакав да играм за Партизан!

Димитријевиќ: Сакав да играм за Партизан!

Maкедонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ во интервју за „Спорт клуб“ призна дека сакал да го носи дресот на Партизан, но понудата не пристигнала.

Се шпекулираше во медиумите дека Партизан има интерес за македонскиот кошаркар, меѓутоа како што вели Димитријевиќ немало ништо конкретно.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Никогаш не се случи ништо конкретно. Навивач на Партизан сум и сакав да играм за тој клуб, но таква понуда никогаш не сум добил“, изјави Димитријевиќ.

Сезонава Димитријевиќ со Олимпија Милано се натпреварува во Евролигата каде што во последниот период прикажува сосема солидни настапи и прераснува во еден од поважните кошаркари за тренерот Еторе Месина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ е новиот газда на Лејкерс: Леброн не бил информиран за најважната одлука

Инсајдерите Брајан Виндхорст и Рамона Шелбурн на ЕСПН објавија голем текст под наслов R…