Дома Фудбал Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Поранешниот врзан играч и долгогодишна турска легенда Арда Туран може да се врати во редовите на Атлетико Мадрид и тоа како тренер.

Според странските медиуми, Туран моментално го води украинскиот Шахтјор од Доњецк каде што остави добар впечаток како тренер водејќи го клубот кон врвот на табелата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


И покрај тоа, Атлетико го идентификуваше како еден од главните кандидати за наследник на Диего Симеоне, кој долги години ја обележи епохата на Јорганџиите.

Туран како играч помина клучни сезони во Мадрид, од 2011 до 2015 година, и беше важен дел од тимот кој ја освои Ла Лига, Лигата на Европа, Кралскиот куп и други трофеи. За Атлетико запиша скоро 180 настапи и остави голем впечаток меѓу навивачите.

По играчката кариера, Туран се посвети на тренерската работа и брзо напредуваше. Неговата работа во Украина предизвика интерес кај поголеми клубови, а се наведува дека токму Атлетико може да биде следната станица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити имаше неочекуван неуспех кога никој не очекуваше

Манчестер Сити направи неочекувана грешка во трката за титулата во Премиер лигата. “…