
Паоло Ди Канио се осврна на состојбата во италијанскиот фудбал откако екипите од Серија А претрпеа три порази во исто толку натпревари во Лигата на шампионите. Посебно беше разочаран од споредбата на Дониел Мален со легенарниот Џанлука Вијали. Поранешната ѕвезда на Вест Хем и Лацио не се воздржуваше во своите коментари по поразите на Јувентус, Аталанта и Интер во првите мечеви од нокаут-фазата на Лигата на шампионите, објави Football Italia.
“Не треба ни да ја спомнуваме Премиер лигата, тие се друго ниво. Ние во Италија живееме убедени дека сме неверојатни. Но, кога гостуваме кај ПСВ, се случува да загубиме со шест примени голови”, изјави Ди Канио за Sky Sport Italia.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
“Оваа сезона многумина веруваа дека Наполи ќе стигне далеку во Лигата на шампионите, ама примија шест голови од екипа како ПСВ, која против нив освои три бода, а во останатите седум натпревари сè на сè уште пет. Интер во финалето од Лигата на шампионите против ПСЖ прими пет голови, а можеше и десет.”