Дома Фудбал Џорџо Киелини стана косопственик на неговиот поранешен клуб

Џорџо Киелини стана косопственик на неговиот поранешен клуб

Поранешниот италијански фудбалер Џорџо Киелини стана косопственик на клубот Лос Анџелес, објави оваа американска екипа.

Киелини, кој 18 години беше одбранбен столб на Јувентус и легенда на тимот, од 2022 година настапуваше за Лос Анџелес, каде што се повлече во 2023. Исто така, минатата година беше тренер во развојниот тим на клубот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Придружувањето на сопственичката група на Лос Анџелес за мене претставува огромна чест. Кога дојдов пред три години како играч, веднаш почувствував нешто посебно кон клубот. Тоа е амбициозна организација, изградена од извонредни луѓе и поддржана од заедницата која прави да се чувствувате како дома. Поради тоа минатата година искажав желба да станам сопственик и сега сум горд што можам да го поддржам проектот во кој искрено верувам”, изјави Киелини, се наведува во соопштението.

Киелини беше еден од најдобрите дефанзивци во светот во текот на неговата 23-годишна кариера.

Освои девет последователни титули во Серија А со Јувентус, како и титулата на Европското првенство во 2021 година со репрезентацијата на Италија.

Фото: LAFC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот му одговри на Салах: Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб

Мохамед Салах не е во тимот на Ливерпул кој ќе игра против Интер во вторник. Таква можност…