Дома Фудбал Џеко за војната: Не знаевме дали родителите ќе се вратат кога ќе одеа по храна

Џеко за војната: Не знаевме дали родителите ќе се вратат кога ќе одеа по храна

Един Џеко, капитен на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, премина во Фјорентина и се врати во Серија А, откако претходно во оваа земја играше за Рома и Интер. Во интервју за SportWeek, неделниот магазин на Газета дело Спорт, Џеко зборуваше за неговото доаѓање во Фиренца, но и за многу други теми. Во искрена исповед за италијанските медиуми, се осврна на своето детство во военото Сараево, односите со семејството, неговото враќање во Италија, но и за иднината во фудбалот.

„Првата плата не ја потрошив на себе, туку на родителите и сестрата. Ги одведов на ручек. Сакав барем делумно да им возвратам за сè што направија за мене”, се потсети Џеко за тешките денови во Сараево. Потоа проговори и за военото време: „Родителите мораа да одат по храна, а сестра ми и јас се грижевме дали ќе се вратат. Те учи да го цениш секој момент бидејќи ништо не е сигурно. Тоа те обликува како личност.”

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Одлуката за доаѓање во Фјорентина беше брза и без многу размислување: „Кога ја слушнав можноста да дојдам, не побарав совет од пријателите. Знаев што претставува Фиорентина. Има огромен потенцијал, одличен тренинг центар и извонредна атмосфера. Ако треба, овде ќе спијам.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…