Дома Фудбал Џеко пред враќање во Серија А, познато и колку ќе заработува

Џеко пред враќање во Серија А, познато и колку ќе заработува

Фиорентина е во завршна фаза за потпишување договор со капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко (39), пренесува Фабрицио Романо.

Се планира едногодишен договор за поранешниот напаѓач на Фенербахче, со годишна нето плата од 1,5/1,8 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договорот на Џеко со Фенербахче официјално истекува на 1 јули, а како слободен играч дојде во турското првенство од Интер пред две години.

Во оваа сезона тој одиграл 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и осум асистенции.

Од 2007 година, Џеко има 141 настап за БиХ репрезентацијата и има постигнато 68 голови.

Неговата актуелна пазарна вредност е проценета на 2 милиони евра.

Фото: Fenerbahce/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл на повидок, дали Мурињо ќе се врати во Челзи?

Фудбалските кругови на Островот кружат со вест што, ако се реализира, би се почувствувала …