Дома Фудбал Џејми Варди го промени презимето на дресот во чест на сопругата!

Џејми Варди го промени презимето на дресот во чест на сопругата!

Џејми Варди на натпреварот во недела за својот тим Кремонезе против Рома носеше уникатен дрес со прекарот на својата сопруга на грбот.

Варди (38) ова лето, по блескавата 13-годишна кариера во Лестер Сити, се пресели во северна Италија заедно со својата партнерка Ребека и нивните деца. Месеци наназад се шпекулираше за следната дестинација на англискиот фудбалер, пред да одлучи да се смести во луксузна вила, наводно вредна два милиони фунти, во градот Сало на брегот на езерото.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Неговото преминување во новиот член на Серија А земаше во предвид прилагодување на нова култура, начин на живот и јазик. Во неделата, исто така, ја поддржа долгогодишната кампања на лигата против семејното насилство.

Преку иницијативата #UnRossoAllaViolenza (Црвен картон за насилство), играчите имаат можност, во пресрет на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, што се слави во вторник, да носат на дресовите име на жена која им е блиска.

Кога излезе на стадионот против Рома, на дресот на Варди со бројот 10, над презимето беше напишано “Becky” – прекарот на неговата сопруга Ребека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо за првпат откри каде и кога ќе се венча, се ќе има голема симболика!

Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез планираат да се венчаат следното…