Дома Фудбал Џакомо Распадори на чекор од враќање во Серија А!

Џакомо Распадори на чекор од враќање во Серија А!

Се одмотува ситуацијата околу Џакомо Распадори.

Веќесе пишуваше на оваа тема, но јасно е дека тој не е задоволен во Атлетико Мадрид и дека не е во фокусот на Диего Симеоне, па поради тоа сака да ја промени средината.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Каде би можел да ја продолжи својата кариера?

Први се јавија од Рома за поранешниот напаѓач на Наполи и Сасуоло, а актуелниот италијански репрезентативец нагласува и дека сакаше да почека неколку дена за да види каква е моменталната ситуација во Атлетико Мадрид и дали ќе му се укаже шанса.

Се покажа дека чекањето било залудно, па сега преговорите со Рома се во напредна фаза. Атлетико веќе ја прифати пред неколку дена понудата од Рома која изнесува 1.5 милиони евра за позајмица, а откуп, доколку Рома се одлучи на таков потег, ќе биде околу 20 милиони евра со дополнителни бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Арсенал веќе ќе беше шампион во Премиер лигата доколку го избраше Патрик Шик“

Владимир Шмицер, легендарна фигура на Чешка и освојувач на Лигата на шампиони со Ливерпул,…