Дома Фудбал Детали за трансферот: Арсенал синоќа направи една од најголемите „кражби“ во историјата на Премиер лигата

Детали за трансферот: Арсенал синоќа направи една од најголемите „кражби“ во историјата на Премиер лигата

Еберчи Езе синоќа одбра клуб во кој сака да ја продолжи својата кариера, а во игра беа Арсенал и Тотенхем Хотспур.

Се работи за фудбалер кој има 27 години и со договор го врзува за Кристал Палас до летото 2027 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Tој беше цел на два големи лондонски клуба во изминатите недели, а јасно е дека пред крајот на трансферниот период ќе го напушти Кристал Палас.

Се чинеше дека интересот на Арсенал ослабна во последната недела, додека од друга страна раководството на Тотенхем на сите начини се обидуваше да го донесе овој одличен фудбалер.

Работата отиде толку далеку што специјалистот за трансфери Фабрицио Романо дури потврди дека Езе ја прифатил понудата на Тотенхем и дека ќе му се придружи на тимот под водство на тренерот Thomas Франк.

Спарс прифатија да испратат понуда од 65 милиони евра фиксно плус 10 милиони евра во бонуси.

„Езе му ја потврди на Палас својата желба да се придружи на Тотенхем“, напиша во недела Романо.

Сепак, синоќа се случи неверојатен пресврт, а прв го извести Дејвид Орнштајн од Атлетик.

Имено, раководството на Арсенал вчера оствари неверојатна работа, и за само еден ден го завршија ангажирањето на Езе.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

Гарначо ова лето пристигна од Манчестер во Лондон, а по негови стапки би можел да тргне и …