Дома Фудбал Депај одржа сурова лекција за бразилскиот фудбал

Депај одржа сурова лекција за бразилскиот фудбал

Мемфис Депај донесе малку изненадувачка одлука кога во септември реши да го напушти европскиот фудбал и да ја продолжи кариерата во Бразил, потпишувајќи договор со тимот на Коринтијанс, во чии дрес крајот на минатиот месец стана шампион на Паулиста.

Во многу напнат дуел против Палмеирас, холандскиот фудбалер изведе необичен потег така што во финишот на натпреварот застана на топката, за да го купи времето до завршувањето на натпреварот и шампионската титула на Коринтијанс во оваа сојузна држава на Бразил.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Очигледно, овој потег на поранешниот фудбалер на мадридски Атлетико предизвика силна реакција во Фудбалската федерација на Бразил која потенцираше дека „трошење време“ на овој начин ќе се казнува во иднина.

Ваквиот развој на настаните ниту малку не му се допадна на Депај кој на популарната мрежа „Икс“ ја отвори душата, пишувајќи како ја доживеал споменатата одлука на федерацијата.

„Навистина дојдов во Бразил за да ја доживеам “Joga bonito” на вистински начин, а сега слушам дека Федерацијата одлучила дека во иднина ниту еден фудбалер не може да стои на топката, бидејќи ќе биде санкциониран со жолт картон. Сево ова заради мојот потег во финишот на финалето на Паулиста против Коринтијанс. Не видов никаква проблем во тоа. Бразилскиот фудбал се издигнува и заслужува глобална видливост. Тука има многу таленти и не заслужуваат никаков ограничувања”, напиша Депај на популарната социјална мрежа.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се запали хотелот на Роналдо во Мароко (видео)

Според светските медиуми, хотелот „Пестана CR7“ на Кристијано Роналдо во Мароко се запали …