
Французинот Усман Дембеле беше избран за најдобар фудбалер во светот за 2025 година, а во говорот на церемонијата на Златната топка, ја спомена и неговата двојка поранешни соиграчи.
“Благодарност до сите клубови во кои играв. Го остварив својот сон играјќи за Барселона, каде што бев со легенди како што се Лионел Меси и Андрес Иниеста, и научив многу од нив”, истакна Дембеле во својот говор.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Не требаше долго за да се јави повеќекратниот освојувач на Златната топка, Меси..
“Секоја чест Ус!!! Честитки, пресреќен сум за тебе. Го заслужи ова”, беа зборовите на Меси, кој беше меѓу првите што го прокоментира освојувањето на Златната топка од страна на Дембеле.
Да потсетиме, Меси и Дембеле заедно играа четири години во Барселона. Дембеле му се приклучи на каталонскиот клуб и на Меси во 2017 година, доаѓајќи од Борусија, и играа заедно до 2021 година, кога Аргентинецот замина во Пари Сен-Жермен.
Оваа беше блиску повторно да се соедини во францускиот клуб, но летото 2023 година Меси веќе беше во Интер Мајами, а Дембеле беше доведе како негова замена.