Дома Фудбал Дембеле се расплака, мајка му излезе на сцената да му даде поддршка

Дембеле се расплака, мајка му излезе на сцената да му даде поддршка

Фудбалерот на ПСЖ и репрезентативец на Франција, Осман Дембеле, ја освои Златната топка која ја доделува угледниот француски фудбалски магазин Франс Фудбал. Францускиот крилен напаѓач ја доби оваа престижна награда во конкуренција со Ламин Јамал, Витиња, Рафиња и Мохамед Салах.

Во минатата сезона, Дембеле со ПСЖ ги освои Лигата на шампиони, францускиот шампионат и Купот на Франција, додека оваа сезона ја стартуваше со победа на Европскиот Суперкуп. За клубот од Париз постигна 35 гола и 16 асистенции во 53 одиграни натпревари, што значи речиси еден учинок на гол по натпревар.

Дембеле се расплака за време на говорот

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


По примањето на наградата од легендарниот Роналдињо, порано исто така добитник на Златната топка, Дембеле изјави: “Навистина, малку сум под стрес. Ја добив оваа награда од еден од најголемите легенди на сите времиња, не можам да верувам. Ова е награда благодарение на колективната работа. Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи.

Сакам да се заблагодарам на Барселона, клубот од моите соништа. Играв со Лионел Меси, сакам да му се заблагодарам, научив многу од него. Toa што можев да играм со Лионел Меси… Многу научив од него. Сакам да му се заблагодарам и на Дешамп. Се надеваме дека ќе го освоиме Светското првенство! Сакам да му се заблагодарам на мојот роден град. Секој пат кога имам можност, се враќам. Луѓето од моето соседство ми помогнаа да стигнам до тука.”

Потоа се обрати до своето семејство и не можеше да ги сокрие солзите додека го одржуваше говорот, а и членовите на неговото семејство, кои беа снимени од камерата во публиката, не останаа недопрени. “На мојата мајка, сакам да ти се заблагодарам. Секогаш беше тука за мене, мамо. На моето семејство, толку многу преживеавме заедно. Поминавме низ сè. Секогаш ќе бидеме заедно,” рече Французинот.

На крајот, мајката на Дембеле излезе на сцената и го прегрна својот син во уште еден емотивен момент од церемонијата што се одржа синоќа во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Огорчениот татко на Јамал изразува незадоволство по изборот за Златната топка: “Се случи нешто необично”

ТАТКОТО НА БАРСЕЛОНСКАТА ѕвезда Ламин Јамал (18), Мунер Насрауи, не го криеше своето разоч…