Дома Фудбал Дембеле ја освои Златната топка убедливо без конкуренција

Дембеле ја освои Златната топка убедливо без конкуренција

ДЕМБЕЛЕ (28), крилен напаѓач во ПСЖ и играч за репрезентацијата на Франција, е освојувачот на престижната награда Златна топка која ја доделува списанието Франс Фудбал за 2025 година.

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот од пред три години не се доделува повеќе за достигнувања во тековната календарска година, туку за учинокот во претходната сезона.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Дембеле во минатата сезона реализираше 60 настапи за ПСЖ, постигнувајќи 37 гола и остварувајќи 15 асистенции, што го круниса со освојување на Лигата на шампионите, шампионатот на Франција и националниот куп.

Винсент Гарсија, главен уредник на Л’екип, по свеченоста во Париз изјави: “Никаква неизвесност не постоеше. Усман ја извојува победата убедливо. Вкупниот број гласови што ги освои во Европа и Африка го остави без никаква конкуренција.”

Пласман во гласањето за машката Златна топка

  1. Усман Дембеле (Франција, ПСЖ)
  2. Ламине Јамал (Шпанија, Барселона)
  3. Витиња (Португалија, ПСЖ)
  4. Мохамед Салах (Египет, Ливерпул)
  5. Рафиња (Бразил, Барселона)
  6. Ахраф Хакими (Мароко, ПСЖ)
  7. Килиан Мбапе (Франција, Реал Мадрид)
  8. Кол Палмер (Англија, Челзи)
  9. Џанлуиџи Донарума (Италија, ПСЖ, сега Манчестер Сити)
  10. Нуно Мендес (Португалија, ПСЖ)
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Огорчениот татко на Јамал изразува незадоволство по изборот за Златната топка: “Се случи нешто необично”

ТАТКОТО НА БАРСЕЛОНСКАТА ѕвезда Ламин Јамал (18), Мунер Насрауи, не го криеше своето разоч…