Дома Фудбал Дембеле е само шестиот Французин со „Златна топка“: Еве кои ја освојуваа пред него!

Дембеле е само шестиот Французин со „Златна топка“: Еве кои ја освојуваа пред него!

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, вчера беше крунисан со титулата најдобар играч во светот за 2025 година, ставајќи го своето име до другите француски икони кои ја добиле Златната топка.

Првиот Французин кој го направи ова беше Рејмон Купа, кој во 1958 година беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


По него, Франција долго време немаше фудбалски великан, до моментот кога во 80-тите години се појави Мишел Платини.

Неговиот извонреден талент му донесе три последователни Златни топки и статус на најдобар играч во 1983, 1984 и 1985 година.

Со неговите стапки продолжи и Жан-Пјер Папен кој во 1991 година ја доби престижната награда, а на врвот му се приклучи и Зинедин Зидан седум години подоцна.

Пред Дембеле, последниот Французин кој го освои ова признание беше Карим Бензема пред три години, кога беше именуван за најдобар на планетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвежанецот го прекина молкот: Халанд одговори на заканите по неговиот живот

Уште една извонредна игра покажа Ерлинг Хааланд против Арсенал, но сè падна во втор план п…