Дома Фудбал Деко: Не можеме да си дозволиме да купуваме како Манчестер Сити

Деко: Не можеме да си дозволиме да купуваме како Манчестер Сити

Спортскиот директор на Барселона, Деко, го коментираше претставувањето на тимот и иднината на тренерот Ханзи Флик и Роберт Левандовски, кои се врзани со клубот до 2026 година.

“Освоивме еден трофеј, играме добро и впечатоците се добри. Ова е најважното. И ние сме задоволни од работата што ја врши секој ден. Сигурно ќе дојде време, кога ќе зборуваме за обновување. Но, сега ни за него, ни за нас, тоа не е приоритет.”, рече Деко, кој е и поранешен фудбалер на Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


“Тука многу брзо се случуваат работите, вистина е. За неколку минути преминуваме од еуфорија до очај. Кога работите одат добро, ги обновуваме договорите, тоа се случи со многу тренери. Тоа е природниот тек на проект кој функционира”, додаде директорот.

Деко го коментираше и јануарскиот трансфер период: “Нас помалку нè интересираат евентуалните засилувања, отколку порано. Манчестер Сити потроши над 200 милиони евра во јануари. Ние не можеме да си дозволиме такво нешто во моментов, но и немаме потреба да привлечеме 3-4 играчи. Имавме потреба да потпишеме договори со некои играчи и го направивме тоа. Привлековме играчи пред три години, а младите се развиваат.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…