
Арсенал ја продолжи својата одлична серија во Премиер лигата и вчера на гостувањето со 2:0 го победи Барнли во натпреварот од десеттото коло. По натпреварот, во центарот на вниманието се најде Деклан Рајс кој јавно раскажа каква семејна трагедија доживеал неодамна.
По натпреварот пред камерите излезе токму Рајс кој емотивно го прослави својот гол. Тој ги крена рацете кон небото, а потоа објасни зошто го направил тоа и каква семејна трагедија доживеал неодамна.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Имено, пред неколку недели ненадејно починала неговата тетка со која бил силно поврзан и која со неговата мајка во живо ги следела речиси сите негови натпревари, па токму нејзе ѝ го посвети вчерашниот гол.
„Тетката ми почина пред натпреварот против Фулам. Бескрајно ја сакав. Патуваше насекаде со мојата мајка за да ме гледаат. Знам дека денес не гледаше одозгора и овој гол ѝ го посветив нејзе“, рече Рајс.
Love you forever, Bev ❤️
— Declan Rice (@DR41fanpage) November 1, 2025
RIP @_DeclanRice on #Instagram pic.twitter.com/939jhTe4FT