Дома Фудбал Останато Дејан Георгиевски со четири победи стигна до златниот медал на Скопје Опен

Дејан Георгиевски со четири победи стигна до златниот медал на Скопје Опен

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски продолжува да реди успеси, откако со одлични настапи стигна до златниот медал на Скопје Опен. Тој забележа четири сигурни победи и уште еднаш ја потврди својата класа.

На патот до највисокото место на пиедесталот, Георгиевски најпрво го совлада Абдула Алмагди, а потоа беше подобар и од Иван Шапина и Пашко Божиќ. Во финалето, македонскиот репрезентативец го надмина и противникот од Израел, заокружувајќи го настапот со максимален ефект.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со овој триумф, Георгиевски уште еднаш докажа дека се наоѓа во врвна форма и останува еден од главните адути на македонското таеквондо на меѓународната сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историски подвиг на Ивановски – постави нов националниот рекорд на 10.000 метри!

Дарио Ивановски повторно ја израдува македонската спортска јавност, поставувајќи нов нацио…