Дома Фудбал Дефанзивецот на Сити е опериран и го очекува долгa пауза, Пеп остана без замена…

Дефанзивецот на Сити е опериран и го очекува долгa пауза, Пеп остана без замена…

Фудбалерот на Манчестер Сити, Натан Аке, успешно беше опериран откако доби повреда на стопалото.

Аке нема да им биде на располагање на тимот во претстојниот период поради повредата која ја обнови во натпреварот од ФА купот против Плимут.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Сити славеше со 3:1 во петтото коло од натпреварувањето, а Аке беше заменет на полувреме, кога на негово место влезе Рубен Диас.

По натпреварот, Пеп Гвардиола изјави дека холандскиот репрезентативец долго ќе отсуствува од теренот.

Клубот од Етихад не прецизираше колку долго ќе трае опоравувањето, но се претпоставува дека Аке би можел да се врати дури пред крајот на сезоната.

Дефанзивците на Сити, Џон Стоунс и Мануел Аканџи, веќе се надвор од погон поради повреди. Англискиот првак претрпе голем удар кога во раната фаза од сезоната остана без освојувачот на Златна топка, Родри.

Аке може да игра и на позицијата лев бек, каде што прва, а сега практично и единствена опција е хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол. Гвардиола на таа позиција користеше и играчи од средниот ред како Матеус Нунес и десниот бек Рико Луис, кои се единствени алтернативи и за десната страна на одбраната.

Манчестер Сити моментално е на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 47 бодови, додека прв е Ливерпул со 67.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба одбил трансфер во Русија, мисли дека уште може да игра на врвно ниво

Се чинеше дека неговата кариера е завршена кога беше суспендиран на четири години поради н…