Дома Фудбал Де Лаурентис за Конте: Ако не се чувствува добро во Наполи, подобро да си замине.

Де Лаурентис за Конте: Ако не се чувствува добро во Наполи, подобро да си замине.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека Антонио Конте може да го напушти клубот ако не е задоволен. Во првата сезона под водство на стручњакот, “партенопеите” триумфираа со титулата во Серија “А”, но и покрај тоа, иднината на поранешниот халф е завиена во магла.

„Дали ќе остане Конте? Ваљда вакви прашања се поставуваат во бракот? Ако некој не се чувствува удобно во некое опкружување, треба да го промени, како што направи Спалети“, коментираше Де Лаурентис.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Со Конте се почитуваме меѓусебно. Му благодарам за Скудетото. Не е лесно да се освојат две титули за три години со тим од Јужна Италија. Ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој.

„Години наназад се обидував да го привлечам Конте. Кога се запознавме на Малдивите, меѓу нас се воспоставија одлични односи базирани на разбирање и почит. Го замолив да ни помогне во ноември 2023 година. За разлика од Скудетото со Спалети, оваа титула беше освоена во последен момент“, изјави уште газдата на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве кои ѕвезди ќе настапат: Познати составите на Реал Мадрид и Баерн Минхен (Фото)

Реал Мадрид го отвора четвртфиналниот предизвик во Лига на шампиони со домашен натпревар п…