Дома Фудбал Дарко Панчев добива свој игран филм!

Дарко Панчев добива свој игран филм!

По автобиографијата, легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев, ќе добие и свој игран филм. Како што пренесува МИА, станува збор за проект кој ќе го раскаже животниот и спортскиот пат на голгетерот кој го обележа златното време на Црвена звезда.

Филмот ќе се реализира во продукција на „Петровски Брадрс“, а зад режисерската палка ќе застане Зоран Петровски – автор со меѓународна кариера, кој последниве дваесет години работи во Бугарија на високобуџетни филмски и рекламни продукции. Сценариото е дело на Ѓорѓе Милиќевиќ, српски сценарист со богато искуство од Њујорк и Лос Анџелес, кој јавноста го памети како еден од авторите на култниот фудбалски филм „Бегство кон победа“ со Силвестер Сталоне.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Во филмот ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови. Самата филмска приказна треба да ја заинтересира пошироката публика, а не само пасионираните љубители на фудбалот“, пишува МИА.

Зад целата идеја стои и самиот Панчев, кој не ја крие својата поддршка за проектот.

„Мене ми се допадна идејата, ја прифатив и дадов максимална поддршка. Секоја спортска приказна е убава приказна и се надевам дека филмот ќе биде направен како што треба и ќе биде интересен за гледачите. Јас од моја страна колку можам да помогнам во реализација на филмот, сигурно дека ќе се потрудам да помогнам. Екипата е одлична и тоа е гаранција дека филмот ќе биде добар“, изјавил Панчев за МИА.

Очекувањата се дека оваа филмска приказна ќе понуди многу повеќе од класична спортска драма – таа ќе биде емоционална хроника на едно време, на една личност и на еден подвиг кој останува засекогаш врежан во историјата на фудбалот во регионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ракитиќ доби тешка задача, избираше меѓу Меси, Иниеста и Чави: Тоа е како бират помеѓу мајка и татко (Видео)

Пензионираниот хрватски фудбалер и некогашен играч на Севиља и Барселона, Иван Ракитиќ, се…