
Ракометарите на Данска, актуелните олимписки и светски шампиони, се пласираа во полуфиналето на Европското првенство откако во дуелот од 3. коло во вториот круг во Хернинг ја совладаа Германија со 31:26.
Иако и Данска и Германија имаат по шест бодови, а Франција четири, Данците пред последното коло обезбедија пласман понатаму бидејќи беа подобри во меѓусебните средби против двата противници.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Со ова Данска го постави новиот рекорд на Европските првенства бидејќи ова им е 11-то полуфинале во историјата на репрезентацијата. Ги надминаа Шпанците кои имаат 10 полуфиналиња, но веќе се простија од турнирот. Хрватска има 9, додека Шведска и Франција имаат по 8.
И покрај победата и обезбеденото полуфинале за Данска, потегот кој ја обележа средбата беше дело на германскиот голман Давид Спет. Тој застана на голот на почетокот од второто полувреме наместо инаку извонредниот Андреас Волф, кој имаше послаб почеток на натпреварот. Спет веднаш во продолжението запиша спектакуларна интервенција, која веќе се смета за една од најдобрите одбрани на целото првенство.