Дома Фудбал Дали вреди навистина толку? Арсенал продава тројца за Родриго!

Дали вреди навистина толку? Арсенал продава тројца за Родриго!

Нема повеќе простор за сомнеж дека бразилскиот фудбалер Родриго е главната цел на Арсенал во актуелниот трансфер период. Меѓутоа, за да ја реализираат најголемата желба на Микел Артета, мора да се поклопат многу нешта на пазарот, бидејќи Реал Мадрид бара дури 100 милиони евра за крилото од Латинска Америка.

Веќе недели наназад, јасно е дека Родриго е незадоволен во кралскиот клуб, а актуелното Светско клупско првенство покажа дека неговата ситуација не се промени значително дури и по доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, земајќи предвид дека Арсенал веќе плати над 100 милиони евра само за Деклан Рајс, јасно е дека „топчиите“ ќе мора значително да се потрудат за да го соберат тој износ, а продажбата несомнено е најдобриот начин да се постигне тоа.

Англиските медиуми ја обработуваат темата кои тројца играчи би можеле да помогнат за пополнување на буџетот на Арсенал со цел носење на крилото на Реал, а изборот падна на Габриел Мартинели, Леандро Тросар и Александар Зинченко.

Мартинели е играчот за кој Арсенал може најмногу да заработи. Фудбалерот кој пристигна на „Емиратес“ кон крајот на минатата деценија, не успеа во изминатите две сезони да го повтори напаѓачкиот успех од 2022/23 кога во Премиер лигата постигна 15 голови.

Јасно е дека Бразилецот ги заврши најдобрите денови во лондонскиот клуб, но тој е се уште млад и има многу да понуди во европскиот фудбал.

Според информациите од „Атлетик“, Арсенал ќе бара околу 50 милиони фунти за Бразилецот, што значи дека тој би можел да покрие половина од трансферот на Родриго.

За Тросар, Арсенал би можел да добие значителна сума на пари, иако помала, бидејќи заинтересирани се Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија.

Конечно, лондонскиот клуб има можност да заработи и на Зинченко, кој не ја оправда довербата на Арсенал по доаѓањето од Манчестер Сити. Се шпекулира дека веќе е во преговори со Милан и не би било изненадување ако се појави на „Сан Сиро“ како замена за Тео Ернандес, кој кариерата ја продолжува во Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…