Дома Фудбал Дали Пеп има некој проблем? Повторно се појави со рани на главата (Фото)

Дали Пеп има некој проблем? Повторно се појави со рани на главата (Фото)

Гребаниците и раните на главата на шпанскиот тренер Пеп Гвардиола повторно се појавија, и тие беа забележани за време и по натпреварот меѓу Манчестер Сити и Арсенал.

Сити вчера во финалето од англискиот Лига куп со резултат од 2:0 го победи Арсенал, освојувајќи го првиот трофеј за оваа сезона. Ова беше 40-тиот трофеј во долгогодишната и успешна тренерска кариера за Гвардиола.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И покрај тоа што го освои трофејот, натпреварот беше полн со напнатост. Како и секогаш, шпанскиот стратег го доживуваше сето тоа многу емотивно од клупата за резерви.

Гвардиола често остава видливи траги на своето лице, а по натпреварот, повторно беше фатен со нови гребаници на главата, што пред две години предизвика мала драма во англиската фудбалска јавност.

По дуелот со Феенорд во Лига на шампиони во 2024 година, Гвардиола се појави во ваква ситуација..

По тој натпревар изјави дека сакал да се повреди поради лошиот резултат (3:3), меѓутоа следниот ден се извини на навивачите нагласувајќи дека било во шега, и дека самоповредување никогаш не треба да е избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трајковски верува во успех со Данска: Има нова енергија и визија во тимот

Александар Трајковски истакнува дека македонската репрезентација треба да пристапи со макс…