Дома Останати Ракомет Дали ова е најдобрата одбрана на ЕП во ракомет?

Дали ова е најдобрата одбрана на ЕП во ракомет?

Ракомената репрезентација на Данска ја совлада Германија со 31:26 во третото коло од втората фаза на Европското првенство, со што се пласираше во полуфиналето на турнирот. Данска и Германија се на врвот со шест бода едно коло пред крајот, додека Франција е на трето место со четири бода.

Данците го обезбедија полуфиналето бидејќи Германците и Французите играат меѓусебно во последното коло, што значи дека тие двете репрезентации не можат да ги престигнат, дури и во случај на пораз од Норвешка. Дури и ако Франција ја победи Германија, а Данска загуби од Норвешка, сите три репрезентации би имале по шест бода, но Данска би била на првото место поради двете победи во кругот. Франција би била втора, а Германија трета.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Иако Данците триумфираа и го потврдија нивниот премин, потегот на денот не беше нивен. Тој му припаѓа на германскиот голман Давид Шпет. Веднаш на почетокот од второто полувреме со извонредна одбрана го истакна името на борецот за најдобра одбрана на првенството.

Мадс Хоксер испрати силен удар од далечина, а Шпет ја „фати жива“ топката што го кандидира за најдобрата одбрана на турнирот. Погледнете како изгледаше тоа ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ќе „гори“ Битола за најголемото македонско дерби – цела сала е распродадена!

Салата во Битола ќе биде исполнета до последно место за дербито меѓу Еурофарм Пелистер и В…