
ФУДБАЛЕРИТЕ на Реал Мадрид си обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, елиминирајќи ги градските ривали, играчите на Атлетико. Откако Реал во првиот натпревар победи со 2:1, синоќа Атлетико беше подобар со минимални 1:0.
Во продолженијата немаше голови, па победникот беше одлучен дури попеналите, каде што Реал беше подобар 4:2. Во четвртфиналето ќе играат против Арсенал, кои со вкупни 9:3 го исфрлија ПСВ.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
На крај, победникот беше одлучуван преку пеналите. Откако првите тројца изведувачи беа прецизни, Јулијан Алварез постигна гол како четврти, но по прегледувањето на снимката, неговиот гол беше поништен поради двоен допир. Оваа ситуација предизвика многу контроверзии, многумина тврдат дека двоен допир немало, но ВАР реши пеналот да се поништи.
Julián Alvarez disallowed penalty frame by frame
byu/AlmostNL insoccer
Предноста на Реал беше анулирана во четвртата серија, каде што Јан Облак го одбрани ударот на Лукас Васкез. Сепак, Маркос Љоренте не успеа да ја потврди таа одбрана и да израмни на 3:3 бидејќи ја погоди стативата.
Пласманот на Реал го обезбеди Антонио Рудигер со голот за конечни 4:2. Словенечкиот голман ја зафати таа топка, но таа сепак заврши во мрежата. Целата пенал серија погледнете ја ОВДЕ.