
Баерн и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 2:2 во натпревар од 29. коло на Бундеслигата.
Баерн со ова ја задржа предноста од шест бода пред Баер Леверкузен, пет кола пред крајот на првенството. Борусија Дортмунд моментално го зазема осмото место на табелата.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Томас Милер асистираше при првиот гол и играше до 81. минута. Оваа сезона, германскиот офанзивец постигна шест гола и шест асистенции во 38 настапи. Ова е последната сезона за него во дресот на баварскиот клуб, бидејќи договорот му истекува на 31 јуни. Со тоа ќе ја заврши својата долгогодишна кариера во клубот на кој остана верен цело време.
По натпреварот на големите ривали, Милер пред телевизиските камери упати шега кон спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел. Го праша: “Што планира Борусија за следната сезона во врска со играчкиот кадар?” На што му одговори Кел во шега со прашањето: “Можеме ли да те донесеме тебе?”
Милер додаде: “Навивачите од Жолтиот ѕид не би знаеле дали да ми фрлат пиво или ружи.” Инаку, “Жолтиот ѕид” е името за јужната трибина на стадионот Сигнал Идуна Парк, каде што се сместени најстрастните навивачи на Борусија Дортмунд.
Милер, 35-годишен напаѓач, со Баерн освои дури 32 трофеи. Во дресот на германската репрезентација запиша 131 настап и постигна 45 гола, а круна на кариерата му е титулата светски првак во 2014 година. Сѐ уште не е познато дали ќе ја продолжи својата фудбалска кариера, ниту во кој клуб би можел да продолжи да игра.