Реакциите околу преминувањето на Лука Дончиќ од Далас Мавериќс во Лос Анџелес Лејкерс се смируваат, а особено интересен е начинот на кој неговиот поранешен клуб се збогуваше со него..
Настаните од пред два дена го шокираа целиот кошаркарски свет бидејќи Лука Дончиќ веќе пристигна во Лос Анџелес каде што почна да се навикнува на новиот клуб и град.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Додека се чека неговото закрепнување од повредата и враќањето на терен во дресот на новиот клуб, Далас сè уште тагува поради неговото заминување. Ако ништо друго, тоа се навивачите кои не му простуваат на раководството на франшизата ваквиот потег.
Во исто време, Далас Мавериќс на официјалниот Твитер профил објави емотивно видео со проштална порака за Дончиќ.
It was an honor to watch The Magician work 🪄 #MFFL pic.twitter.com/xnqYnuf2Eg
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) February 3, 2025
“Беше чест да се гледа како магионичарот работи”, наведоа од Далас покрај снимката од одличните потези на Лука Дончиќ за време на периодот во Далас..