Дома Останати Кошарка Далас навистина се ослободи од Дончиќ? Американците откриваат мисија тешка 345 милиони долари

Далас навистина се ослободи од Дончиќ? Американците откриваат мисија тешка 345 милиони долари

Главна тема во НБА лигата сè уште е замена со која Лука Дончиќ премина во Лос Анџелес Лејкерси, а Ентони Дејвис во Далас Маверикс, а сега Њујорк Тајмс ексклузивно откри внатрешен увид во трансферот што го шокираше спортскиот свет.

“Одлуката на Далас да го размени Дончиќ се смета за глупава, неразумна и импулсивна. Сепак, оние кои го познаваат генералниот менаџер на Далас Нико Харисон тврдат дека нема ниту една импулсивна коска во неговото тело. Всушност, постоел интерен заговор во Далас за да се ослободат од Дончиќ. Тој вклучува лажна повреда и тежи 345 милиони долари”, пишува Тајмс и додава дека од Далас излезе вест дека извештаите за лошата физичка состојба на Словенецот ги поттикнале Маверикс да го размени.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Се спомнува дека Дончиќ во ноември пропуштил пет натпревари, официјално поради изместување на зглобот.

“Дознававме дека тоа не е целосно точно и во тоа време Дончиќ бил на одмор за да ја подобри својата физичка форма. Баш неговата лоша состојба го натера Харисон да започне замена. Харисон е голем обожавател на физичката подготвеност. Сопственикот на Маверикс Патрик Димонт се насмеал кога Харисон му ја предложил замената, но на крајот ја благословил таа одлука, иако биле свесни дека поради неа ќе бидат непопуларни”, додаде.

Американците пишуваат дека Мавериикс немале намера да и понудат на најголемата ѕвезда на тимот мега-договор вреден 345 милиони долари.

“Ако Дончиќ останеше во Далас, го чекаше мега-договор од 345 милиони долари за пет години. Од доверливи извори дознаваме дека на Маверите не им паднало на памет да го понудат тоа на Словенецот. Харисон бил загрижен дека телото на Дончиќ ќе се распадне порано отколку што можеше некој да помисли. Тоа го вознемири толку многу што почувствува дека наместо Дончиќ мора да доведе некого кој еден ден би можел да биде МВП”, се заклучува во текстот.

Да се потсетиме, работата во потполна тајност брзо ја извршија генералните менаџери, Харисон од Маверите и Роб Пелинка од Лејкерс, кој, изгледа, добро помина со оваа замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ се пожали: Нозете сè уште не ми се во најдобра состојба

Лејкерс загубија од Шарлот, а Лука Дончиќ сѐ уште се привикнува на новата околина. Тој во …