Дома Фудбал Даглас Луиз преминува во Нотингем Форест

Даглас Луиз преминува во Нотингем Форест

Играчот на Јувентус, Даглас Луиз (27), се очекува во наредните денови да го финализира својот трансфер во Нотингем Форест, пренесуваат италијанските медиуми. Бразилецот пристигна во „Старата дама“ пред една година од Астон Вила, за трансфер вреден 51 милион евра. Во Вила помина пет сезони, постигнувајќи 22 голови и 24 асистенции. Јувентус имаше големи очекувања од Бразилецот, но на крајот, тој се покажа како еден од најголемите разочарувања за тимот од Торино.

Ниту кај Тијаго Мота ниту кај Игор Тудор не успеа да стане редовен првотимец. Иако договорот му важи до јуни 2029 година, во Јуве решија дека е најдобро да го продадат додека сè уште може да се добие значајна сума за неговиот трансфер. Иако управата на „Старата дама“ се надеваше на износ од 40 милиони евра, изгледа дека ќе се задоволат со понудата од 30 милиони, како што пренесуваат италијанските медиуми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Даглас Луиз треба да потпише петгодишен договор со Форест, а исто така ќе има и поголема плата отколку во италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик ќе ја „распадне“ Барселона: Јамал би можел да ја напушти Барселона – друг гигант ја следи ситуацијата!?

Голема борба следи за еден од најдобрите млади играчи на сите времиња, Ламин Јамал. Пари С…