Дома Фудбал Антони е пред подвиг каков што не направил ниту еден друг фудблаер никогаш!

Антони е пред подвиг каков што не направил ниту еден друг фудблаер никогаш!

Бразилскиот фудбалер Антони е на чекор од уникатен подвиг во светот на фудбалот.

Имено, тој е многу близу да освои два европски трофеи во иста сезона со два различни клуба, што досега никогаш не се случило. Ова порано не беше ниту возможно, бидејќи УЕФА не толку одамна донесе одлука дека еден играч може да настапува за две екипи во иста сезона во нејзините натпреварувања.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Овој крилен напаѓач е член на Манчестер Јунајтед, а од јануари е на позајмица во Бетис.

Јунајтед се пласираше во финалето на Лига Европа и на 21 мај во Билбао ќе игра за трофеј против Тотенхем, додека Бетис во финалето на Конференциската лига ќе се соочи со Челзи, на 28 мај во Вроцлав.

Антони есеноска играше за Јунајтед натпреварите во Лига Европа, а во пролетниот дел од сезоната стана еден од најзаслужните за првиот пласман на Бетис во некое европско финале.

Фото: Real Betis/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тешка повреда на српската ѕвезда од 80 милиони евра

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус следните два до три месеца ќе мора да се соочи без…