Дома Фудбал „Чудото од дете“ на Звезда со македонско потекло вчера постигна спектакуларен гол и испиша историја!

„Чудото од дете“ на Звезда со македонско потекло вчера постигна спектакуларен гол и испиша историја!

Фудбалерите на Црвена Звезда претрпеа пораз од Порто со резултат 2:1, а за српскиот шампион кобен беше ударот на Родриго Муро во 89-тата минута.

Сепак, во овој пораз се појави млада ѕвезда – Васиље Костов, кој стана најмладиот стрелец на црвено-белите во историјата на меѓународните натпревари. Интересно е што тој има македонско потекло, но сепка се одлучи во македонките категории да настапува за Србија каде и што е роден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Василије Костов ги сподели своите мисли по натпреварот.

– Од почетокот на натпреварот бевме посветени, примивме рано гол, но успеавме да се вратиме во играта. Мојот гол и донесе самодоверба на екипата, но на крајот, злосреќно дозволивме гол

И покрај притисокот, младиот фудбалер успешно се справи со него.

– Имав мала трема пред почетокот на натпреварот, но штом започна, исчезна. Се вложив целосно и верувам дека успеав да покажам што знам.

Изрази благодарност до навивачите за нивната поддршка во Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо го препорача на раководството на Ал Наср играчот на Реал Мадрид: “Доведете го него”

Според шпанските медиуми, поточно порталот “Fichajes”, португалската ѕвезда му…