Дома Фудбал Чудесниот Арсенал создаде историја. Направи нешто што никој во Англија не го има постигнато.

Чудесниот Арсенал создаде историја. Направи нешто што никој во Англија не го има постигнато.

АРСЕНАЛ славеше со 2:0 против Брајтон во осминафиналето од EFL купот. Тимот на Микел Артета, кој е на врвот во Премиер лигата, ја освои победата преку погодоци на Итан Нванери и Букајо Сака во второто полувреме. Во четвртфиналето ќе се сретнат со Кристал Палас, кои со 3:0 го совладаа Ливерпул.

Со тоа, Арсенал го заокружи феноменалниот октомври, во кој постигна шест победи во сите натпреварувања, со вкупна гол-разлика од 12:0. Пред триумфот против Брајтон, Арсенал редоследно ги победи Вест Хем (2:0), Фулам (1:0) и Кристал Палас (1:0) во Премиер лигата, како и Олимпијакос (2:0) и Атлетико Мадрид (4:0) во Лигата на шампионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според податоците од аналитичката компанија OPTA, Арсенал стана првиот прволигашки тим во Англија кој во еден месец одиграл најмалку шест натпревари и победил во сите без да прими гол. Со ова се создаде историја во англискиот фудбал, а следниот натпревар на лондонскиот тим е на 1 ноември, кога ќе гостува кај Барнли во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Србија има нов селектор!

Вељко Пауновиќ е назначен за селектор на српската фудбалска репрезентација, наследувајќи г…