
Алваро Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, интензивно бара нов шеф на стручниот штаб во шпанскиот гигант, а еден од кандидатите е и легендарниот Луис Енрике.
Реал Мадрид е во потрага по човек што ќе ја води екипата во наредната сезона. Се очекува Алваро Арбелоа да остане на клупата до крајот на оваа сезона, но и тоа е под голем прашалник.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, многу прашалници има околу името на новиот тренер. Со кралскиот клуб се поврзуваат многу имиња, а најчесто германскиот стручњак Јирген Клоп.
Секако, Германецот не е единствениот кандидат. Се спомнуваат уште Унај Емери, Сеск Фабрегас, а сега и легендарниот Луис Енрике.
Одредени медиуми објавија дека Реал Мадрид е отворен за разговори со 55-годишниот кој меѓутоа меѓу навивачите е означен како предавник уште пред 30 години.
Тогаш како фудбалер, Луис Енрике го напушти Реал и премина во најголемиот ривал Барселона.