Дома Фудбал Челси вчера ја прекина шпанската доминација која траеше повеќе од две децении

Челси вчера ја прекина шпанската доминација која траеше повеќе од две децении

Со освојувањето на Конференциската лига, Челси успеа во нешто што ниту еден тим не го постигнал речиси четврт век – триумфираа против шпански тим во европско финале.

„Сините“ станаа првиот клуб во историјата на фудбалот кој ги комплетираше сите европски трофеи. Конференциската лига го доби своето место во ризницата на Стамфорд Бриџ заедно со Лигата на шампионите (2012, 2021), Лигата на Европа (2013, 2019), Суперкупот на Европа (1998, 2021) и Купот на победниците на куповите (1971, 1998).

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Ова е навистина импресивно достигнување, но има и повеќе.

Лондонскиот клуб ги порази Шпанците во борба за европска титула за првпат од 2001 година, кога Валенсија во финалето од Лигата на шампионите загуби од Бајерн Минхен (1:1, 4:5 на пенали).

Во следните 24 години, шпанските тимови настапија во исто толку финалиња и победија во секое од нив – до сега. Четири финалиња беа шпански, при што еден од нивните тимови мораше да загуби. Ова се случуваше во следниве случаи:

2007 година, финале на Лига Европа – Севиља го совлада Еспањол (2:2, 3:1 на пенали).

2012 година, финале на Лига Европа – Атлетико Мадрид го совлада Атлетик Билбао (3:0).

2014 година, финале на Лигата на шампионите – Реал Мадрид го совлада Атлетико Мадрид (4:1).

2016 година, финале на Лигата на шампионите – Реал Мадрид го совлада Атлетико Мадрид (1:1, 5:3 на пенали).

Во останатите 19 финалиња, шпанците успешно ги совладале тимовите од Англија, Германија, Италија, Франција, Украина и Португалија. Трофеите на ЛШ и ЛЕ ги подигнаа Реал, Атлетико, Барселона, Севиља, Виљареал и Валенсија.

Но, на секој почеток му има крај. За шпанската фудбалска нација, баксузен беше Реал Бетис, кој во Вроцлав не успеа да го заржи водството по првото полувреме и загуби со 1:4. Фото: Chelsea/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал ја „краде“ големата желба на Арсенал

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…