
Фудбалскиот клуб Челси не се шегува откако го освои СП за клубови.
Како што потврдија доверливи извори, стоперот на Ајакс Џорел Хато и ѕвездата на РБ Лајпциг Хави Симонс веќе се во напредна фаза на преговори со Челси.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
За Хави Симонс се знае од порано, ново е што ги постигнал сите лични услови и сака само во Челси, додека Хато преку своите агенти му порача на Ајакс да преговара за неговото заминување.
За Симонс се знае речиси сè, но Хато останува непознат во пошироките кругови. Станува збор за 19-годишен Холанѓанец, кој ги поминал сите младински категории на Ајакс, а досега има веќе 111 настапи за “копјаните”, дал четири гола и запишал девет асистенции.
Тој може да покрива две позиции, игра како лев стопер и лево бек, и затоа носи многу на тимот на Челси, а се проценува дека Челси ќе мора да плати околу 40.000.000 евра за неговиот трансфер.
Се знае дека Енцо Мареска не е баш воодушевен со стоперските позиции, Чалоба, Дисаси па и Бадијашил се слободни да си заминат ако добијат вистински понуди, додека Фофана речиси две години е надвор од терените поради серија повреди.
Хато и Симонс би во пакет чинеле над 100.000.000 евра, но Челси конечно би имал силен тим, во сите линии и би бил поконкурентен во борбата за сите трофеи.
Фото: Грок АИ