Дома Фудбал Челси нема намера да запре со засилувања – преговара и со одличен дефанзивец!

Челси нема намера да запре со засилувања – преговара и со одличен дефанзивец!

Челси го изведе еден од најдобрите преодни рокови во поновата историја и покажуваат вистински шампионски амбиции, а сега „насочија“ уште едно капитално засилување и тоа за задната линија. Ова лето, лондонските „сини“ беа изразито активни на трансфер пазарот и сериозно го засилија играчкиот кадар за следната сезона.

Во Челси ова лето пристигнаа, меѓу другите, веќе Џејми Гитенс, Жоао Педро, Лиам Делап, а многу блиску до Стамфорд Бриџ е и Чави Симонс.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Лондонскиот клуб ги договори условите со Холанѓанецот и 22-годишникот е многу блиску да потпише официјално за Челси.

Како што стојат работите, Симонс нема да биде единствениот Холанѓанец кој Челси ќе го донесе во своите редови во овај преоден рок.

Најпознатиот спортски новинар во светот – Фабрицио Романо сега објави вистинска „бомба“ и нов трансфер за „сините“.

Челси е заинтересиран за услуги на холандски „чудо дете“ Јорел Хате од тимот на Ајакс.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбараниот фудбалер во Премиерлигата одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Најбараниот играч оваа зима, кој го посакуваат двата клубови од Манчестер, Ливерпул и Тоте…