Дома Фудбал Челси го ангажираше талентот на Спортинг Лисабон

Челси го ангажираше талентот на Спортинг Лисабон

Играчот од средината на теренот на Спортинг Лисабон, Дарио Есуго, стана дел од Челси, објави прес службата на клубот од Лондон. 20-годишниот Португалец потпиша договор на осум сезони – до летото 2033 година.

Минатата сезона, Есуго беше на заем во шпанскиот Лас Палмас. Тој одигра 27 натпревари и постигна 1 гол. Исто така, има 25 натпревари за првиот тим на Спортинг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 2021 година, Есуго го подобри рекордот на Луиш Фиго за најмлад фудбалер кој стартува како првотимец за „зелените“. Тој започна на возраст од 16 години, 11 месеци и 17 дена.

Играчот од средината на теренот е младински репрезентативец на Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …