Дома Фудбал Чеферин: Современата политика ја натера УЕФА да се откаже од руските тимови

Чеферин: Современата политика ја натера УЕФА да се откаже од руските тимови

Ретко кога првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин одлучува да се воздржи од изјаснување, а така беше и овој пат.

Тој даде интервју за словенечко „Дело“, каде што зборуваше за политиката во Европа. Чеферин, при таа прилика, жестоко ги критикуваше европските политичари и јасно истакна дека смета дека слободата на говор веќе не постои.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Треба да се обединиме, но не знам дали тоа навистина е можно. Треба да се отвориме и да престанеме да ги регулираме пазарите.

Ни Кина, ни некој друг не треба да ни биде непријател, а и не е. Треба да ги третираме сите како партнери.

Зборуваме еден на друг како да се однесуваме, а потоа никој не се однесува така“, рече претседателот на УЕФА и додаде:

„Тука на запад веќе не постои слобода на говор. Веќе не смееш да кажеш што мислиш. Од една страна се десните популисти кои имаат проста реторика.

Нивната реторика е таква што велат дека мигрантите земаат работни места и се занимаваат со криминал, како и други нешта.

Од друга страна е мејнстрим политиката во Европа која не е ниту лева ниту десна, а повеќето мејнстрим медиуми се обраќаат на луѓето од арогантни и интелектуални висини“, рече Чеферин.

Чеферин тврди дека современата политика ја натерала УЕФА да се откаже од планот да ги врати руските клубови во натпреварувањата на УЕФА за младите пред две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…