Дома Фудбал Останато Чаби Алонсо се поблиску до Мадрид, а со тоа ќе започне и „луд“ домино ефект!

Чаби Алонсо се поблиску до Мадрид, а со тоа ќе започне и „луд“ домино ефект!

Се погласно и од Шпанија и од Англија се најавува дека Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид каде што на лето ќе го наследи Карло Анчелоти.

Се уште не е потврдено, меѓутоа изгледа дека „каде што има чад има и оган“…Веќе некое време се пишува дека позицијата на Карло Анчелоти не е сигурна и дека на Реал Мадрид му е потребна промена.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Чаби Алонсо по фантастичната сезона со Леверкузен одлучи да остане уште една сезона во германскиот клуб, меѓутоа многу веројатно е дека ја одработува последната.

Најавите се дека Шпанецот на клупата на бундеслигашот ќе биде наследен од Себастијан Хенес кој добро работи во Штутгарт, а минатата сезона им обезбеди и пласман во Лигата на шампионите.

Тука не е крајот на „домино ефекетот“, Хенес во Штутгарт се најавува дека ќе биде наследен од првиот помошник на Јулијан Нагелсман во германската репрезентација, Сандро Вагнер, поранешниот голгетер на Баерн, Хофенхајм и други клубови.

Тренерската кариера ја започна во Унтерхахнинг, а потоа се пресел иво Фудбалскиот сојуз каде што работеше со У20 селекцијата, потоа и со сениорската.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри го објави датумот кога Модриќ ќе пристигне во Милан

Масимилијано Алегри, кој повторно се најде на тренерското столче на Милан, потврди дека Лу…