Дома Фудбал Чаби Алонсо ќе има за трошење: Реал Мадрид оствари огромна заработка!

Чаби Алонсо ќе има за трошење: Реал Мадрид оствари огромна заработка!

Иако поразот на Реал Мадрид во полуфиналето на Светското првенство ја намали очекуваната заработка од турнирот, клубот успеа во неколку натпревари во Соединетите Американски Држави да инкасира 105.5 милиони евра. Во наредната сезона се очекува да достигнат рекордни приходи.

Според „Марка“, прогнозите укажуваат на приход од 1.3 милијарди евра. Доколку ова се оствари, ќе биде трета последователна година во која клубот надминува приход над милијарда евра, додека сегашниот број би претставувал највисоката заработка на клубот досега на годишно ниво.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во сезоната 2023/24, Реал оствари приходи од 1.045 милијарди евра, а потоа 1.1 милијарда за сезоната што следеше. Прогнозите за претстојната сезона покажуваат дека приходите би можеле да пораснат на рекордни 1.3 милијарди евра, а значителен дел од тие средства ќе му бидат ставени на располагање на тренерот Чаби Алонсо за засилувања ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Манчестер Јунајтед: Фернандеш мора да паузира надвор од терените

Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш и неговиот соиграч Коби Мејну нема да игра…