
Меѓу можните кандидати беа и Клаудио Раниери, Стефано Пиоли, Даниеле Де Роси и Фабио Канаваро, но одлуката на крајот падна на Гатузо. За потсетување, тој оваа сезона го водеше Хајдук.
Новиот селектор на италијанската репрезентација е Џенаро Гатузо, објави Фабрицио Романо. Одлуката ја потврди и тимскиот менаџер Џанлуиџи Буфон.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
– Избравме најдобро што можевме – изјави легендарниот италијански голман.
Италијанската селекција се наоѓа во предизвикувачка ситуација во квалификациите за Светското првенство 2026. Во група со Норвешка, Израел, Естонија и Молдавија, еден натпревар завршија со победа и еден со пораз, а од Норвешка беа поразени со 3-0. Освен успехот на Европското првенство во 2021 година, “Аѕурите” бележат пад во квалитетот на репрезентативниот фудбал.
Гатузо беше избран меѓу други значајни имиња како Клаудио Раниери, Стефано Пиоли, Даниеле Де Роси и Фабио Канаваро. Покрај тренерската позиција во Хајдук оваа сезона, тој го предводеше и Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј.
Фото: Hajduk Split/FB