Дома Фудбал Бразил му врачи отказ на селекторот, ќе го наследи Анчелоти?

Бразил му врачи отказ на селекторот, ќе го наследи Анчелоти?

Бразилската фудбалска федерација го отпушти селекторот Доривал Жуниор по тежок пораз од Аргентина со резултат 4:1 во квалификациски натпревар во Буенос Аирес.

Доривал Жуниор ја презеде функцијата во јануари 2024 година, откако репрезентацијата една година беше под водство на привремени тренери. И покрај успесите со клубовите како што се Фламенго и Сао Паоло, каде што освои Копа Либертадорес и Бразилскиот куп, не успеа да ги постигне очекуваните резултати со националниот тим, остварувајќи само седум победи во 16 натпревари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Федерацијата сега бара нов селектор, а идеален кандидат и понатаму е Карло Анчелоти, иако има договор со Реал Мадрид до 2026 година. Бразилските медиуми исто така го споменуваат Жорже Жезус, тренерот на Ал Хилал, како можен наследник.

Овој потег доаѓа среде најлошата квалификациска кампања на Бразил за Светското првенство, каде тимот моментално се наоѓа на четвртото место во јужноамериканските квалификации со 21 бод, само еден бод над шестопласираната Колумбија. Никогаш претходно Бразил не изгубил толку натпревари, ниту примил толку голови во квалификациите, што доведе до зголемен притисок врз раководството на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул официјално го претстави талентот од Италија

Ливерпул официјално го објави трансферот на италијанскиот талент Џовани Леони, кој доаѓа о…