
Некои кариери во фудбалот едноставно достигнуваат точка на експлозија, и токму тоа му се случи на Бразилецот Луан Патрик (23).
Станува збор за момче кое беше голема надеж на Бразил. Беше светски првак со репрезентацијата до 17 години, а со Атлетико Параненсе ја освои Копа Судамерикана.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По одличните настапи, реализираше трансфер во италијанската Верона каде не се наигра. Но тогаш потегот што можеби ќе му ја промени кариерата.
Минатото лето потпиша договор со португалската Естрела со важност до летото 2028 година.
Во Португалија есклодираше на 23-годишна возраст.
Игра фудбал на својата кариера, иако не е член на португалската тројка Бенфика, Порто или Спортинг, многумина го прогласија за најдобар дефанзивец во лигата.
Тоа секако не остана незабележано и големците веќе го запишаа неговото име.
Португалските медиуми пишуваат дека Атлетико Мадрид и Севиља веќе испратиле скаути, а наводно и Реал Мадрид го следи.
За неговите услуги заинтересирани се и турскиот Фенербахче.