Дома Фудбал Брант заминува од Борусија, сака во Премиер лига

Брант заминува од Борусија, сака во Премиер лига

Еден од најдобрите фудбалери на Борусија Дортмунд оваа сезона, Јулијан Брант, ќе го напушти клубот по истекот на договорот.

Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и причината за заминувањето е желбата за нов предизвик, така што повеќе нема да го гледаме во дресот на Борусија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Оваа сезона одигра 31 натпревар во сите натпреварувања за Борусија, постигна десет голови, и има две асистенции.

Каде би можел да ја продолжи кариерата?

Изминатите месеци постоеше контакт со Астон Вила која беше заинтересирана да го донесе и во јануари, но решија да почекаат до лето и да се обидат да го ангажираат без отштета.

Според сите изгледи, ќе успеат во таа намера, но да почекаме можеби уште некоја понуда која би можела да го промени мислењето на овој фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ потпиша богат договор со англиски гигант

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ потпиша договор во време на гласини и приказни за …