Дома Луд Спорт #Bottlecapchallenge во нинџа стил – вака Ибра го прави тоа со нога (видео)

#Bottlecapchallenge во нинџа стил – вака Ибра го прави тоа со нога (видео)

Златан Ибрахимовиќ со два одлични гола му ја донесе новата победа на Лос Анџелес Галакси.

Шведскиот интернационалец со босанско потекло во дуелот на неговиот клуб Галакси против Торонто ги постигна двата гола за својот тим и му донесе важна победа во новото коло од MLS лигата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Двата гола Ибра ги постигна во второто полувреме – едниот во 76. минута, а другиот пред крајот на натпреварот.

Со новата победа Л.А. Галакси ја задржа втората позиција на генералната табела од MLS лигата, а Ибрахимовиќ запиша вкупно 13 гола во оваа сезона досега.

Сепак, не беше интересно само на теренот, туку и после натпреварот, во соблекувалната. Таму Ибра приреди свое мало шоу, приклучувајќи се на познатиот предизвик на социјалните мрежи – #bottlecapchallenge, кој моментално е популарен во цел свет.

Да не ви откриваме сè, погледнете како тоа го изведе Златан и ги импресионираше своите обожаватели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Дани Алвеш може да биде ослободен за неколку дена

Поранешниот фудбалер Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години …