Англискиот второлигаш Плимут Аргиле се наоѓа на самото дно на Чемпионшипот на полусезоната со 20 поени во 25 натпревари. Им се заканува испаѓање во третата лига, и тоа го плати со своето работно место нивниот доскорашен тренер, англиската легенда и најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
Плимут нема невозможна мисија пред себе. До крајот остануваат 21 коло, а зоната на сигурност, односно 21. место на табелата, им е на само три бода. Ќе се обидат да го постигнат тоа со друг тренер, а италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо пишува дека тоа може да биде 42-годишниот Босанец Мирон Муслиќ.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Муслиќ е роден во Бихаќ и од 10-годишна возраст живее во Австрија. Таму почнал да игра фудбал во аматерски клубови. Освен тоа, работел во училиште како педагошки асистент и полагал тренерски лиценци. Муслиќ прво работел како асистент во четвртата лига, а потоа ја водел У-18 екипата на Риед. По тоа, ја предводел втората екипа на Риед каде стана помошник тренер на првата екипа.